Top

Пчелин полен

Пчелиниот полен е машко семе со големина на прав кој се наоѓа на толчникот на секој цвет. Поленот се собира на нозете на пчелите како што тие се движат од цвет на цвет. Пчелите лачат голем број на ензими во поленот. Поленот најчесто се собира комерцијално со поставување на посебен уред на влезот на кошницата за пчели кој ги четка супстанците од нивните задни нозе во специјален сад за собирање.



Пчелиниот полен е меѓу најстарите познати додатоци во исхраната. Неговата употреба како средство за подмладување и лек датираат од времето на Египќаните и древните Кинези. Бил нарекуван со многу имиња, од “фонтана на младоста” до ”амброзија на боговите.” Грчкиот лекар Хипократ, нарекуван татко на модерната медицина, го користел поленот како лековита супстанца од пред 2.500 години. Поленот е богат со витамини, особено Б витамини и содржи минерали во трагови, елементи, амино киселини и ензими.

Поленот е составен од 55% јаглехидрати, 35% протеини, 3% витамини и минерали, 2% масни киселини и 5% други материи. Тој содржи многу мали количини на многу супстанци кои се сметаат за антиоксиданси, вклучувајќи бета каротен, витамин Ц и Е, ликопен, селен и флавоноиди. Во поглед на хранливите и лековитите својства, поленот врши зајакнување на имунолошкиот систем, контрола на телесната тежина, ослободување од алергиските симптоми, зголемување на силата, подобрување на сексуалната функција, подобрување на виталноста и издржливоста, забавување на процесот на стареење и продолжување на животот.

Пчелиниот полен врши зајакнување на имунолошкиот систем преку своите антиоксидантни својства. Антиоксидансите се користат за да ги деактивираат слободните радикали во телото. Слободните радикали се нуспроизводи на кислород што можат да ги оштетат клетките и се поврзани со голем број на дегенеративни болести, особено оние кои се поврзани со стареењето. Тие се, исто така, поврзани и со самиот процес на стареење. Антиоксидансите можат да го блокираат понатамошното оштетување, па дури и да намалат голем дел од клеточната оксидација која е веќе направена. Пчелиниот полен се сугерира да се уотребува како противдејство на влијанието на зрачењето и загадувачите од животната средина кои го ослабуваат имунолошкиот систем.

Иако многу растителни полени може да предизвикаат или засилат алергии, сепак пчелиниот полен всушност може да помогне во намалувањето на симптомите на овие состојби. Локалната терапија со пчелин полен се препорачува да се започне пред сезоната на алергии и потребни се неколку недели да поминат за да се почувствуваат дејствата на поленот.

Пчелиниот полен често се користи од страна на спортистите за подобрување на силата, издржливоста, енергијата и брзината. Се вели дека помага мускулите да се опорават побрзо после вежбањето и да се зголеми менталната кондиција на човекот.

Автор: Д-р Дарко Стојановски

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *