Top

Л – Карнитин

Л – Карнитинот е аминокиселина есенцијална за нормален раст и развој на бебињата и неесенцијална за возрасните. Есенцијалност значи дека треба да се внесува секојдневно во режимот на исхраната. Неесенцијалните аминокиселини можат да се синтетизираат во телото на човекот до одреден степен. Самата функција на карнитинот произлегува од мобилизацијата на масните киселини, со што се овозможува енергетскиот метаболизам во клетките.



Карнитинот базично се наоѓа во месото, но го има и во авокадото и млечните продукти. Во телото се синтетизира во бубрезите. Кај секој што не внесува доволна количина на протеини во својата исхрана, постои ризик од дефицит на карнитин, особено кај вегетаријанскиот тип на исхрана. Суплементите се достапни во вид на капсули.

Висок ризик фактор за недостаток од карнитин имаат луѓето кои се под константен стрес, кои биле изложени на хируршки интервенции, при изгореници и исцрпувачки болести кај кои се јавува недостаток од протеини, и затоа треба да земаат суплементи од карнитин. Срцето е орган кој содржи најголема количина на карнитин, кој ја помага работата на срцето кое има потреба од огромно количество на енергија за нормално функционирање. Останатите бенефити од употреба на карнитинот се намалување на стапката на срцевата работа – пулс, крвниот притисок како и нивото на маснотии во крвта. Суплементите од карнитин даваат позитивни ефекти и кај третманот на Алцхајмеровата болест, при што се намалува прогредирањето на истата. Состојбата позната како синдром на хроничен замор, дава симптоми од типот на константен замор, болки во мускулите и депресија. Карнитинот учествува во намалување на горенаведените симптоми со зголемување на нивото на енергија во организмот.

Автор: Д-р Дарко Стојановски

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>