Top
Папаја

Папаја – ангелско овошје

Папајата (Carica Papaya) е вид на тропско овошје со жолто-портокалова боја кое расте во гроздови и има повеќе црни семки во средината.
Ова овошје потекнува од Јужна Америка. Кристофер Колумбо во своите документирани патешествија го нарекол „ангелско овошје“, а Васко де Гама „златно дрво на животот“.

Папајата има пријатен сладок вкус и изобилува со растителни влакна, витамини и минерали-витамин А (бета каротен), Ц, Е, витамини од Б групата-Б2 и фолна киселина, калциум, магнезиум, калиум и друго, како и многу важен ензим наречен папаин кој ги разградува комплексните протеини до едноставни аминокиселини кои лесно се апсорбираат во организмот.

Ова овошје го стимулира варењето и апсорпцијата на храната во организмот, делува како лаксатив и поседува антибактериски, антивирусни и антигабични својства.
Заради присуството на витамините А, Ц и Е, папајата помага во превенцијата на артериосклерозата, тромбозата и срцевите заболувања предизвикани од дијабетични компликации, а растителните влакна помагаат во намалувањето на високото ниво на холестерол во крвта.

Ова извонредно јужно овошје има способност да ги сврзе токсините во тенкото црево и побрзо да ги исфрли од организмот со што го намалува ризикот од појава на канцер на цревата. Се користи за сите видови на стомачни тегоби: диспепсија, покачено ниво на желудочни киселини и желудочен рефлукс, дијареа, констипација, дизентерија, уништување на цревните паразити и друго.

Воедно, папајата ја подобрува функцијата на имунолошкиот систем со што го штити организмот од настинки, грип и инфекции, има антивоспалително дејство, ја хидратира и чисти кожата, го зајакнува срцето, црниот дроб и видот и го освежува и подмладува организмот.

Автор: Д-р Дарко Стојановски




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>