Top
perfect-smile

Освежете го здивот на природен начин

Еден од клучните начини за одржувањето на хигиената на усната шуплина е редовно четкање на забите и испирање на усната шуплина. Со оваа едноставна постапка се отстрануваат остатоците од храна и насобраните бактерии кои предизвикуваат непријатен здив. Течностите за плакнење на истата се достапни на полиците во супермаркетите, но нивните состојки се агресивни и поради алкохолот кој го содржат може да имаат контра-ефект. Многу од нив содржат алкохол, дури и до 26%, што може да ја оштети глеѓта. Токму затоа, подгответе си течност со природни и здрави состојки. Тие делуваат антибактериски, го освежуваат здивот и ги избелуваат забите.

За оваа течност се потребни: ½ лажица цимет во прав, 1½ лажица мед, ½ лажица сода бикарбона, 200ml топла вода и 2 лимони.

Подготовката е многу еднставна: во топла вода додадете го медот и мешајте додека не се растопи (внимавајте водата да не почне да врие) и потоа додадете сода бикаробна, цимет и лимон. Со оваа течност плакнете ја устата после миење на забите, а можете да ја користите после оброк или пред важен состанок.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>