Лошиот здив не е невообичаена појава. Секој од нас се нашол во непријатна ситуација поради овој проблем. Токму затоа, во продолжение прочитајте неколку едноставни совети за да се ослободите од непријатниот здив.

ЏВАКАЈТЕ НАНЕ
Џвакањето свежо нане ќе го неутрализира мирисот и ќе ја освежи вашата уста. Освен тоа, нането го смирува желудникот и го подобрува варењто на храната.
ЗАБЕН КОНЕЦ
Забниот конец исто така помага во борбата против лошиот здив. Чистењето со него еднаш дневно ќе ја исчисти насобраната храна помеѓу забите и бактериите кои се причина за лош здив.
ЧЕТКАЈТЕ ГИ ЗАБИТЕ
Четкајте ги забите, но и јазикот барем два пати на ден. Со тоа ќе ја одржувате устата чиста и на тој начин ќе се ослободите од лошиот здив. Користете паста за заби со нане, бидејќи тоа е најдобар начин да ги неутрализирате непријатните миризби.
РЕДОВНИ ПРЕГЛЕДИ НА СТОМАТОЛОГ
Овие прегледи се многу важни за здравјето на вашите заби. Детален преглед и чистењето на забен камен, кој не можете да го исчистите со обично четкање на забите и тоа како помага против лошиот здив.
ПИЈТЕ МНОГУ ВОДА
Дехидратацијата исто така може да биде причина за лош здив. После секој оброк задолжително напијте се барем една чаша вода, бидејќи на тој начин ја плакнете устата и се ослободувате од бактериите.
ЈАДЕТЕ ЈАБОЛКА
Јаболката се одличен чистач на забите, па ако сте на работа и немате пристап до вашата четка и паста за заби, изедете барем едно јаболко.
ИЗБЕГНУВАЈТЕ КАФЕ И ЦИГАРИ
Сведете го на минимум уживањето во кафе и цигари.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!