Top
mineralna voda

Минерална вода против вишок килограми

Според најновото истражување објавено во списанието „Obesity“, минералната вода е одличен избор на пијалак доколку сакате да изгубите некој килограм.

Истражувањето било спроведено на 300 луѓе кои биле на диета и кои претходно пиеле минерална вода секој ден, а во просек имале 90 килограми. Биле поделени на две групи: на едната група ѝ било кажано да продолжи да пие минерална вода, а на другата да престане да го прави тоа. На крајот од истражувањето, кое траело 12 седмици, луѓето од групата која не пиела минерална вода изгубиле по 4 килограми, додека луѓето од групата која продолжила да ја пие, успеала да намали 2 килограми повеќе.

Нутриционистите, тоа го објаснуваат на малку поинаков начин, односно дека кај луѓето кои го продолжиле континуитетот со пиење минерална вода многу полесно се апсорбирала храната, а оние кои ја прекинале рутината направиле шок во огранизмот кој влијаел врз нивото на хормони и шеќер во крвта, што го забавило слабеењето.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>