Top
luk i med

Мед и лук – комбинација против холестерол и вишок килограми

Медот и лукот се здрави, но нивната комбинација е навистина неверојатна. Овие познати лекови во народната медицина имаат моќ да лекуваат многу заболувања, па со причина помеѓу народот се нарекуваат природни антибиотици. Медот и лукот би требало да станат дел од вашето секојдневие, затоа што го подигнуваат вашиот имунитет. Исецкајте две-три чешниња лук и ставете ги во тегла со мед. Оставете ја смесата да стои додека не се соедини. Доволно е да консумирате една лажичка наутро, седум дена без прекин, па вашиот организам ќе доживее неверојатна промена.

Го подигнува имунитетот
Комбинацијата од мед и лук ја зголемува силата на вашиот имун систем, што е важно доколку се борите против некои болести, но и кога сакате да спречите инфекции.

Го штити срцето
Оваа мешавина ги чисти крвните садови од масти и со тоа го намалува ризикот од удар.

Лечи воспаление на грлото
Медот и лукот имаат високо антиимфламаторно дејство, па добри се при борбата против инфекцијата на грлото.

Помага при дијареа
Со помош на оваа смеса можете да го зајакнете дигестивниот систем и на тој начин да го решите проблемот со ретка столица.

Врши детоксикација
Смесата од мед и лук е природна детоксикација за вашиот организам, бидејќи го ослободуваат вашето тело од сите отрови кои претходно ги имате внесено.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *