Top
pojadok

Кои грешки ги правите при појадокот?

Научно е докажано дека појадокот може да го подобри вашето здравје и позитивно да влијае на опсегот на вашата половина. Но, проблемот настанува бидејќи бираме калориски „бомби“, односно намирници полни со шеќери и масти кои имаат спротивен ефект од саканиот.

Избегнувате протеини

Кафе и кроасан, се најчест избор доколку првиот утрински оброк го јадете „на нога“. На оваа вкусна комбинација на која за жал ѝ недостасуваат протеини. Истражувањата покажуваат дека појадокот базиран на протеини ја балансира количината на шеќер во крвта и ги намалува наглите напади на глад. Настојувајте да го започнете денот со две тврдо варени јајца и јаболко, или јогурт во кој сте додале чиа семе.

Претерувате со соковите

Овошниот сок може да биде одличен извор на витамини и минерали, но во никој случај не смее да биде алтернатива за консумацијата на вода. Еден просечен портокал има околу 60 калории, додека чаша свежо цеден сок од истото овошје содржи речиси двојно повеќе калории. При тоа, на сокот му недостасуваат хранливите влакна, кои ги има во изобилие во овошјето. Новата студија објавена во списанието Appetite покажала дека луѓето кои пијат многу сок имаат поголем крвен притисок од оние кои тоа го прават повремено.

Јадете погрешни масти

На телото му се потребни масти за да може нормално да функционира. Тоа не значи дека со нив треба да се претерува, а особено доколку станува збор за заситени масни киселини, како оние кои ги има во путерот и сланината. Позната нутриционистка од Њујорк, Bonnie Taub-Dix, предложува правилна дистрибуција на масти и за појадок препорачува комбинација на здрави масти како јогурт или кисело млеко со малку сечкани ореви.

Додавате вештачки засладувачи

Доколку одредена намирница нема калории, не значи дека нема негативни последици врз нашето тело. Студијата објавена во списанието Nature покажува дека вештачките засладувачи можат да ја нарушат рамнотежата на бактериите во желудникот, што резултира со зголемена потреба за фруктоза, за да се чувствуваме задоволни. Нутриционистот Брук Алперт од компанијата B Nutritious препорачува кафето да се пие без никакви засладувачи, но со додаток на зачин каков што е циметот, кој ја поттикнува работата на метаболизмот.

Предолго чекате до појадокот

Доколку првиот оброк во денот го консумирате дури после неколку часа од будењето, односно дури кога ќе почне да ве „копа“ желудникот, поголеми се шансите дека ќе „претерате“ со консумација на храна и ќе завршите со калориска „бомба“. Не постои строго дефинирано правило кога би требало да го консумирате првиот оброк во денот, треба да внимавате да не се доведеме во ситуација телото да ни биде изгладнето.

Не внимавате на големината на намирниците

Големината на намирниците влијае и врз количината на храна која ја внесувате во организмот. Една студија покажала дека луѓето внесуваат и до 80 калории повеќе по оброк кога косумираат житни снегулки во помала форма.

Јадете преобилни оброци

Прескокнувањето на појадокот негативно влијае врз организмот како и консумацијата на преголеми оброци. Големите количини на храна го оптоваруваат телото, го забавуваат метаболизмот и ве заспиваат. Наместо тоа, треба да бирате оброци составени од балансиран размер на протеини и јаглехидрати, кои ќе ви дадат доволно енергија за успешно да го започнете денот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>