Top
Kako-da-pobedite-nastinka-iLike-mk

Како наједноставно против грипот и настинката

Ако забележувате дека вашите колеги имаат симптоми на настинка и грип и ги избегнувате бидејќи имате фобии од настинка и грип, тогаш треба да превземете неколку чекори пред грипот да допре до вас.

Држете дистанца
Одржувајте растојание од лицата кои имаат симптоми на настинка и грип, како течење на носот и кашлица.

Не ги допирајте носот, очите, устата и лицето додека сте надвор од дома
Ова се најчестите начини на пренос на вирусите.

Често миење на рацете
Мијте ги рацете колку што е можно почесто, особено доколку сте надвор од дома ила пак ако се ракувате со личност која има  симптоми на грип и настинка. Користете течен сапун и топла вода, и мијте ги повеќе од 30 секунди. Доволно е два пати да ги премиете рацете во еден акт и вирусот да го снема од дланките.

Користете средства за дезинфекција
Средства за дезинфекција базирани на алкохол, како влажни марамчиња и антисептични гелови.

Вакцинирајте се
Доколку одлучите да се вакцинрате против сезонски грип, тоа треба да го направите пред почетокот на зимата.

Чантите се извор на вируси
Можете да се ре-инфицирате секогаш кога земате нешто од ташната, бидејќи истата е извор на вируси. Затоа преку зима користете чанта која е направена од кожа или винил.

Не ги грицкајте ноктите
Грицкањето на нокти може да ве разболи. Бактериите кои се наоѓаат под ноктите лесно можат да бидат ингестирани.

Пробајте да се насмеете
Според најновите истражувања, среќата може да ви помогне. Сексот, позитивното размислување, играњето со домашниот миленик и други работи кои причинуваат задоволство ќе го подобрат вашиот имунолошки систем.

Кивнете, но не на дланките
Кога мора да кивнете или да се накашлате, направете го тоа во хартено марамче. Бидејќи рацете се извор на бактерии, така ќе го спречите нивното ширење.

Спијте 8 часа на ден
Доколку сте изморени, Вашиот организам потешко се брани против инфекцијата.

Вежбајте
Одржувајте нормална дневна телесна активност. Со тоа го билдате имуниот систем кој полесно би се борел против инфекцијата

Откажете се од цигарите
Чадот од цигарите го прави респираторниот систем поволна подлога за инфекции, бидејќи ги оштетува цилиите во носната шуплина.

Земете одмор
Ако сте болни тогаш ова е време кога треба да не се појавувате на работа. Останете дома и грижете се за себе.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>