Top
vitalnost

Како да ја зачувате виталноста на организмот?

Телата и лицата на некои од повозрасните луѓе изгледаат како да се двојно помлади. Имаат одлична меморија и одлични когнитивни способности. Тие се убав пример за тоа како да се живее правилно и убаво. Научниците посочуваат 5 начини да го направите вашиот мозок помлад.

Размислувајте позитивно за вашата возраст
Експертите велат дека оптимистичките очекувања за сопственото стареење навистина помагаат да се надмине овој процес без да се изгуби чувството за среќа.

Благодарност
Ако по природа не сте многу оптимисти, науката има еден одговор за вас. Научниците дошле до заклучок дека ако некое лице свесно обрнува внимание на позитивните моменти во својот живот и е благодарен за истите, се менуваат нервните врски во неговиот мозок. Како резултат, му станува полесно да го види сето добро што го опкружува.

Повеќе комуникација и поминување време со пријателите
Дружењето со пријателите е докажано дека го намалува стресот. Во исто време, осаменоста може да биде штетна за организмот, како и да консумирате 15 цигари на ден. Кога го елиминирате стресот, автоматски го забавувате процесот на стареење.

Медитација
Друг начин за намалување на стресот е разорната моќ на медитација врз него. Резултатите од студијата покажуваат дека биолошката возраст на оние кои редовно медитираат е околу 7 години пократка од нивната реалната возраст. Инаку, за да ги почуствувате позитивните ефекти од медитацијата, потребно е само неколку минутна медитација на ден.

Следете здрав начин на живот
Конечно, сите горенаведени совети можат да ви помогнат само доколку се придржувате до основите на здрав начин на живот. Урамнотежената исхрана и дневната физичка активност се одлика на здравиот начин на живот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>