Top
Srekja

Како да го поттикнете создавањето на хормонот на среќата?

Ендорфинот или уште попознат како хормон на среќата е невротрансмитер кој се создава во мозокот и е главен „виновник“ за доброто расположение кај луѓето. Исто така, овој хормон ја намалува болката, а предизвукува и еуфорија. Научниците велат дека постојат неколку начини со кои се поттикнува неговото лачење. Еве неколку од нив:

ЈАДЕТЕ ЛУТО
Јадењето лути производи доведува до болка во јазикот при што мозокот веднаш реагира со зголемено лачење на ендорфин со цел ублажување на болката.

ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ
Оние кои редовно трчаат многу добро знаат што значи чувство на задоволство поради ослободување на ендорфин. Истото важи и за оние кои скијаат, пливаат или играат тенис.

УЖИВАЈТЕ ВО СИТНИТЕ НЕШТА
Поглед во убава уметничка слика, гледање интересни претстави или филмови и слушање омилена музика исто така го одржува ендорфинот на високо ниво.

ВОДЕТЕ ЉУБОВ
Оргазамот е вистински начин да го подигнете нивото на ендорфин. Со трчање доволно количество ендорфин се ослободува после 50-тина минути, додека пак, при секс тројно побрзо.

ЈАДЕТЕ ЧОКОЛАДО
Јадењето чоколадни производи доведува до создавање на поголема количина ендорфин во човековиот мозок.

РАЗМИСЛУВАЈТЕ ПОЗИТИВНО
Без разлика дали се работи за добар виц или некоја добра комедија, смеењето предизвикува создавање на хормонот на задоволство кој влијае на зајакнување на имунолошкиот систем.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>