Top

Емоционално и психичко здравје #01

Вашиот нервен систем е првото нешто што е нападнато при состојби на стрес, напнатост и емоции. Според тоа, има големо значење доколку го намалите ова деструктивно влијание во животот, до највисоко можно ниво.

Индивидуите кои бараат решенија наместо да се жалат за проблемите, генерално се поздрави отколку останатите. Понекогаш решението не е промена во ситуацијата, туку, промена во ставот и однесувањето. Вежбајќи ја способноста да се справите со потешкотиите и да останете мотивирани е клучот да останете задоволни.

Шест суплементи кои го помагаат вашиот нервен систем

Обрнете внимание на овошјето, зеленчукот и житариците кои се богати со магнезиум, како и рибите од студените води, како лосос кои се богати со Омега-3 есенцијални масни киселини како и со магнезиум. Млечните производи овозможуваат поддршка на нервниот систем, бидејќи се богат извор на калциум, меѓутоа обратете повеќе внимание на ниско-калоричните продукти. Како и да е, шест суплементи кои навистина се повеќе од потребни за вашиот нервен систем се:

1. Есенцијални масни киселини – од нив имаат корист сите клетки во организмот, вклучително и нервните, на кои им помагаат во спроведувањето на нервните импулси. Омега-3 есенцијалната масна киселина, како и ДХА (докозахексаеноична киселина) и ЕПА (икозапентаеноична киселина) е многу важна иако нејзините извори од храната се многу ограничени.

2. Калциум – важен е за нервните импулси, особено заедно со магнезиумот.

3. Магнезиум – број еден суплемент за смирени нерви! Како што е калциумот за коските, така е магнезиумот за нервите. Важен е за нервните импулси, и неговиот недостаток доведува до иритабилност и нервози.

4. Б- копмлекс – Б витамините, честопати се нарекуваат и стрес витамини, бидејќи се од витално значење за нервниот систем. Извори богати со овие витамини се кафен ориз, житарици, листести зеленчуци и пивскиот квасец.

5. Лецитин – богат е со холин, кој е неопходен за соодветен пренос на нервните импулси од мозокот до централниот нервен систем, а исто така ги заштитува и поправа оштетените нерви. Дневните дози се движат од 1200 до 2400 мг во форма на софтгел капсула.

6. Камилица – се препорачува за секого кој има потреба од намалување на стресот, во форма на чај, суплемент или есенцијално масло.

Спречете ги негативните влијанија

Се она што претставува стрес за вашите нерви е негативно влијание, но многу од тоа едноставно не може да се избегне. Како и да е, следните три стресори вршат големо оштетување, и нивно превенирање е под ваша контрола.

* Тутун – луѓето велат дека пушат за да ги “смират нервите”, меѓутоа се случува токму спротивното. Пушењето е сигурен начин за оштетување на нервите поради тоа што ги стеснува ситните капилари кои ги исхрануваат истите.

* Дебелина – зголемената тежина ги зголемува нервните растројства и напнатоста. Зацртајте си цел реално да изгубите од килограмите (половина до еден килограм неделно), имајќи на ум дека сигурните и упорните победуваат.

* Газирани пијалоци – магнезиумот е клучен минерал за здравјето на нервите, а газираните пијалоци, како содата, содржат фосфор, кој се врзува за магнезиумот и го прави недостапен за организамот.

Автор: Д-р Дарко Стојановски


Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>