Top
salata

Едноставна диетa, 16:8

Сигурно и вие до сега сте прочитале за многу диети и за секоја од нив се тврди дека е најздрава и најефикасна. Диетата 16:8 е нов тренд, кој се состои од секојдневен пост и умерено уживање во храната. Бидејќи секој ден се состои од 24 часа, 8 часа можете да јадете, а 16 часа треба да постите.

Оние кои ја пробале оваа диета велат дека не е толку тешко. Најголем број луѓе кои ја држат оваа диета јадат од 08-17 часот или од 10-18 часот, што значи дека не јадат само попладне и во вечерните часови и кога спијат, со што ги исфрлаат бескорисните грицки и непотребните калории кои ги внесуваат со прејадување. Во периодот од 8 часа, кога храната е дозволена, се советуваат лесни и здрави оброци, со периодично уживање во омилените десерти. Некои ги занемаруваат тие совети и во 8 часа јадат се што ќе посакаат, но сепак постигнуваат одредени резултати, пишуваат странските медиуми. Кога постите можете да пиете незасладен чај и кафе, вода и цедени сокови.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>