Top
caj

Чаеви за добро здравје

Пиењето чај треба да ни биде навика и во летните и во зимните денови. Во него има и мало количество на витамини, а секојдневната употреба го подобрува тонусот на организмот, ја враќа силата по вондредни напори и му помага на целотот тело и организмот да оздрави.

Анасон лекува тешко варење, кашлица, астма, слабост, цревни гасови, тешко дишење, како и тешко лачење на млеко кај доилките.
Липата лекува настинки, бронхијални тегобии, нервоза и несоница, болки во стомакот и тешко варење. Посебно е добар за поттикнување на потење при настинка и ја намалува телесната температура.
Жалфија лекува нарушувања на работата на срцето и на нервите, менструални тегоби, воспаление на устата и грлото, воспаление на цревата и претерано потење.
Мајчина душичка е ароматичен зачин кој се употребува многу во кујната, додека неговата употреба за медицински цели е запоставена. Сируп против кашлица се подготвува од екстрат од мајчина душичка измешан со мед.
Нане ги смирува нервите, помага при несоница и ако се пие секојдневно, ги подобрува изгледот и тенот. Ја поттикнува работата на органите за варење, ги елиминира гасовите, има благо антисептично дејство, го отстранува непријатниот мирис од устата и ги релаксира мускулите.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>