Top
morkovi

Витаминска маска од моркови против опаѓање на косата

Заедно со есента доаѓа и опаѓањето на косата. Оваа маска ја регенерира структурата на коренот на косата и го намалува опаѓањето, а за да ја подготвите потребна ви е само морков.

Руската докторка Татјана Викторовна Коновалова открила древен руски рецепт за едноставна маска за зајакнување на коренот на косата. Како одличен извор на витамини од бета каротин и витамин А, морковите не само што ни овозможуваат подобар вид, туку влијаат и на здравјето на скалпот, што е неопходно за здрава коса. Хранливите состојки што ги содржат морковите можат да го подобрат здравјето на косата, ноктите и кожата. Помага и за детоксикација на целиот организам, вклучувајќи го и скалпот.

Подготовката на оваа маска е многу едноставна: Ситно изрендајте неколку свежи моркови и истријте ги во коренот на вашата коса. Оставете да делува најмалку 15 минути, а потоа исплакнете на вообичаен начин. На почеток, маската нанесувајте ја секогаш пред миење најмалку 5 пати по ред. Кога ќе се зајакне косата, доволно е да ја нанесувате маската од морков еднаш месечно, а првите резултати ќе ги видите по неколку третмани.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>