Top
ubava kosa

Трикови за убава коса

Има денови кога нашата коса изгледа добро без причина, а има и денови кога не сакаме да излеземе од дома кога ќе се погледнеме во огледалото. За да спречиме такви ситуации, прочитајте ги овие совети со кои вашата коса секогаш ќе изгледа добро!

• Кога ја стилизирате косата со фен и четка, оставете ја четката да се излади пред да ја отстраните. На овој начин, вашата фризура ќе биде подолготрајна.
• Ако сакате да ја заштитите вашата фризура преку ноќ, користете сатенска капа и вашата коса ќе биде цврста и следното утро.
• Секоја недела користете хранлива маска за коса, особено ако вашата коса е обоена. Здравата коса ја задржува бојата подолго.
• За дополнителен волумен, почнете да го сушите коренот со подигање, а потоа стилизирајте го остатокот од косата по желба.
• Ако случајно сте ставиле премногу производи за стилизирање на косата и сега ви изгледа масно, тоа е идеална ситуација за сув шампон.
• Не мора да ја стилизирате вашата коса секој ден. Ако полека ја навлажните косата, ќе ги активирате производите кои се веќе на косата.
• Можете да постигнете дополнителен волумен на вашата коса, да користите сув шампон пред да заспиете и да ја кренете вашата коса во висока опашка.
• За освежување на кадрици, користете фен за коса и ладен воздух.
• Ако некои производи ја исушат вашата коса, секогаш хранете ја и обликувајте ја со неколку капки масло за коса.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>