Top
jastucnica

Свилената јастучница ја заштитува кожата од брчки, а косата од плеткање

Памучните навлаки за перници оневозможуваат лизгање на лицето, поради што настануваат брчки. Тие за разлика од свилата и сатенот го впиваат природното масло и ја сушат кожата на лицето. Ноќната грижа на лицето е подеднакво важна како дневната, а тоа подразбира правилна нега и избор на постелнина која ќе ви помогне да го спречите прераното стареење на кожата.

Спиењето на памучна јастучница неповолно влијание на кожата на лицето. Поради тоа што кожата не може да се лизга на памучна навлака, таа пука и се појавуваат брчки. Токму затоа се препорачува постелнина од свила или сатен кој спречува топлина, пот и сушење на кожата. Свилата не впива влага и маснотија онака како што тоа се случува со памукот. Насобраната крема, масло и мртви клетки на памучната јастучница може да предизвика воспаление и акни.

Освен што го впива природното масло од кожата, памучната јастучница го впива и маслото од косата. Тоа прави поголемо триење на косата, поради што таа станува покршлива. Свилата е подобра за косата бидејќи влакната не се мастат, а нежната површина го спречува плеткањето на косата.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>