Top
krastavicki-na-oci

Ослободете се од подочниците на природен начин

Подочниците како што веќе знаете подочниците настануваат како резултат на замор, насобрани течности во телото како резултат на стрес, а некои луѓе имаат проблем со тој дел од лицето поради генетика. Наместо да фрлате пари на скапи козметички препарати кои веројатно само делумно ќе ги отстранат подочниците, пробајте ги овие трикови со помош на неколку намирници кои ги имате во вашата кујна. Секако, тоа не значи дека во потполност треба да ги избегнувате кремите за подочници, но сепак комбинирајте ги со овие природни начини.

  • Изладете компир во ладилник. Исечете го на кругови, измијте ги парчињата и ставете ги на затворените очи. Лежете со нив околу 10-15 минути, потоа измијте ги очите.
  • Свежата краставица се употребува на ист начин, изладена и исечена на тенки кругови.
  • Изладете 2 лажици во ладилникот и поставете ги на очните капаци да делуваат неколку минути.
  • Искористените чајни ќесички од камилица или зелен чај исплакнете ги, оставете ги малку во ладичник и потоа 10 минути ставете ги на критичното подрачје.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>