Top
young girl washes with clean water

Нега на кожа со минерална вода

Овој метод на нега на лицето го користат Јапонките, кои се познати по тоа што обрнуваат големо внимание на негата на нивната кожа. По стандардното чистење на лицето, наместо со вода од чешма, кожата исплакнете ја со минерална вода. Таа ќе ја затегне вашата кожа, меурчињата ќе направат благ пилинг, порите ќе се исчистат, а водата во клетките ќе внесе кислород.

Крајниот резултат е свежа, цврста и мазна кожа. Запомнете дека со минерална вода не треба да се миете секој ден, бидејќи може да доведе до иритации. Најоптимално би било овој начин на чистење на лицето да го правите најмногу два пати неделно. Минерална вода може да ја користите и како тоник за чистење лице, односно со натопено памукче да го исчистите лицето.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>