Top
nega-na-kozha

Маска за лице против брчки

За да се одржи младешки изглед, кожата бара постојана хидратација. Состојките на оваа маска имаат моќни својства кои ги регенерираат клетките на кожата, ја затегнуваат и го враќаат изгубениот сјај.

За подготовка ви се потребни само две состојки, неколку бадеми и вода од роза, а нејзината ефикасност ќе ве изненади. Ако ја користите редовно, за еден месец ќе забележите дека вашата кожа ќе изгледа значително посвежо и помладо.

Процесот на подготовка е малку подолг, но трудот се исплати.

Подготовка:
Потопете ги бадемите во млеко и оставете ги преку целата ноќ за да омекнат. Утрото измелете ги најубаво што можете, се додека смесата не се соедини и додадете ја водата од роза.

Нанесете ја на лицето и оставете да дејствува додека не се исуши. Потоа исплакнете.

Еве зошто овие две состојки се дел од оваа маска:

Бадемите содржат витамин Е, кој е исклучително важен за здрава кожа и го штити од слободни радикали, додека шеќерите од розовата вода имаат смирувачки ефект и неговите природни масла ја апсорбираат влагата, помагајќи и на вашата кожа да се чувствува и да изгледа поубаво.

Некои експерти дури веруваат дека розовата вода игра голема улога во елиминирањето на штетата предизвикана од изложеноста на УВ здраците.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>