Top
leneno seme

Маска од ленено семе против брчки

Лененото семе со своите лековити својства допринесува за подобрување на состојбата на вашето поткожно ткиво и ги подмладува особено чувствителните делови на лицето, околу очите, каде што кожата е најтенка и најмногу склона кон создавање брчки.

Начин на подготовка:
Ставете лажичка ленено семе во чинија и прелијте ја со третина шолја зовриена вода, мешајте неколку минути и потоа прекријте ја со салфетка да отстои до вечерта. Исцедете ја мешавината и користете ја водената маса во која стоело лененото семе.

Примена:
Нанесете ја на исчистено лице и врат. Не мора да се грижите околу избегнувањето на пределот на очите, слободно овој раствор нанесете го и таму. Кога ќе се исуши маската, намачкајте повторно. Оваа процедура повторете ја пет пати. Потоа измијте го лицето и нанесете ја соодветната крема.

Ефекти од маска со ленено семе:
• Ја тонира и ја затега кожата
• Ги намалува широките пори
• Ја хидрира кожата
• Служи и како пилинг за кожата
• Го намалува вишокот себум на масната кожа
• Помага при спречување на формирањето на акни и ги отстранува акните
• Го успорува стареењето




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>