Ако сакате сјајна, долга и мека коса, подгответе ја оваа домашна маска од банана. Нејзината подготовка е лесна, а со редовно користење ќе добиете долга, сјајна, здрава и мека коса како свила.
Потребни состојки:
1 зрела банана
2 лажички кокосово масло
2 лажици мед
1/2 чаша кокосово млеко или јогурт
1 лажичка путер
1 жолчка од јајце
Постапка:
Сите состојки ставете ги во блендер. Нанесете ја маската од корените до врвовите на косата, а потоа завиткајте ја косата во крпа или ставете капа за туширање. Оставете да делува околу 30 минути, а потоа исплакнете и продолжете со вообичаената рутина за миење. Откако ќе ја исушите косата, ќе бидете изненадени од тоа како изгледа косата.
Ефекти од користење на оваа маска:
• длабоко ја хидрира косата
• косата е мека, нежна и сјајна
• го стимулира растот на косата
• помага при наелектризираност
• против испукани краеви
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!