Top

Како најдобро да нанесете кармин

Усните се еден од најзаводливите делови од женското тело, дел од телото кој го креира првиот впечаток за жената. Затоа од особено значење е да се знае најдобриот можен начин како да го нагласите овој дел од лицето.

Пред нанесувањето на карминот, на усните нанесете хранлив крем за усни, потоа исцртајте ги со молив контурите на усните. Дури тогаш усните се подготвени за нанесување кармин.

Ако сакате усните да изгледаат пополни, средината на долната усна намачкајте ја со вазелин.

Усните визуелно ќе ги направите пополни и ако прво ги исцртатате со посветла нијанса на молив, а потоа, повлечете уште една линија со потемен молив. Карминот нанесете го така што ќе се стопи со потемниот молив.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *