Доколку ви се случило насекаде во домот да гледате еден куп влакна, применете ги овие совети и запрете го опаѓањето на косата. Докторите велат дека секоја личност дневно губи околу 100 влакна. Ако оваа бројка порасне или престане растењето на нови влакна, не ги барајте симптомите за најстрашните болести на интернет.
Причини
Гени
Опаѓањето на косата може да биде предизвикано од генетските предиспозиции, што би значело дека фоликулите стануваат чувствителни на машките хормони (андрогени), па се намалува и производството на потенки и кратки влакна.
Акција и реакција
Ако не станува збор за генетика, а сепак забележувате значително опаѓање на косата, можно е тоа да е последица на вашиот животен стил или режим на исхрана.
Недостаток на железо и Б12
Недостаток на нутриенти исто така може да предизвика опаѓање на косата, а железото е еден од најважните која станува збор за косата. Железото ја збогатува нашата крв со хемоглобин, а тоа и помага на косата да расте и да ги опоравува оштетените клетки за да го стимулира растењето на нови влакна. Уште еден нутриент кој е важен за косата е витаминот Б12. Освен што овозможува да се чувствуваме енергично во текот на денот, тој води сметка и за здравјето на нашата коса бидејќи директно е поврзан со црвените крвни зрнца.
Значително намалување на тежината
Ако сте држеле ригорозна диета, можно е токму тоа да има лошо влијание на вашата коса. Косата не е есенцијална за човековото преживување, па затоа најпрво влакната почнуваат да не напуштаат кога доаѓа до драстични промени како што е екстремниот режим на исхрана.
Стрес
Стресот го зголемува нивото на андроген, што резултира со опаѓање на косата. Покрај тоа, стресот може и да предизвика појава на првут и бели влакна.
Години
Во текот на менопаузата во женското тело се случува промена, а опаѓањето на косата е една од нив.
Решение
Зголемете го внесувањето на протеини
Косата е изградена од протеини, па би требало да и подарите исхрана богата со нив. Се препорачува порција со протеини за појадок и вечера еднаква со големината на вашата дланка.
Суплементи
Корегирајте ја исхраната и како нејзин додаток консумирајте железо, цинк, бакар, витамините Б12 и Д, како и есенцијалните аминокиселини.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!