Маската и пилингот од талогот од кафе имаат моќ многу брзо да ја освежат и затегнат зрелата и уморна кожа.
* За наједноставен пилинг ставете малку млака вода во талогот и да измешате добро. Масирајте го лицето со оваа смеса пет минути, а потоа добро исплакнете со топла вода.
* Кафето може да го употребувате и за нега на коса. Намачкајте ги врвовите на косата со кафето и ставете најлонска кеса на главата. Оставете ја маската да делува дваесет минути, а потоа измијте ја косата. Вашата коса ќе биде сјајна. Овој третман не се препорачува за русокоси.
* Направете си маска за лице. Потребни ви се следниве состојки: 2 лажици мелено кафе, 2 лажици какао, 1 лажица мед и три лажици млеко. Ставете ги сите сотојки во блендер и блендирајте сѐ додека не добиете хомогена смеса. Нанесете ја маската на чисто лице, оставете ја да отстои 15 минути, па измијте го лицето со топла вода. Оваа маска посебно е добра за оние со сува кожа склона кон иритации.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!