Top
Piling-kozha

Ефикасен пилинг за масна кожа

Овој едноставен пилинг за лице, кој се фокусира на отстранување на наслагите на мртвата кожа на лицето, ќе ја држи под контрола масната кожа. Луѓето кои имаат масна кожа мора да водат посебна грижа, редовно да ги елиминираат мртвите клетки на кожата и вишокот масла за да спречат развој на бактерии и инфекции, кои предизвикуваат акни и други проблеми.

Едноставниот и исклучително ефикасен домашен пилинг за лице, кој не содржи штетни хемикалии и се подготвува многу лесно, ќе ја направи вашата кожа совршено чиста, мека, мазна и без вишок на маснотии.

Пилинг за лице со киви: Витамините А и Ц, кои се присутни во киви, делуваат како антиоксиданти и го подобруваат здравјето и текстурата на кожата.

Состојки:
– 1 киви
– 2 лажици шеќер
– 2-3 капки маслиново масло

Излупете го овошјето и изгмечете го со вилушка. Потоа додадете шеќер и масло и добро измешајте за да добиете хомогена смеса. Нанесете го пилингот на лицето и обработете ги сите делови на лицето, вклучително и вратот, со кружни движења. Пилинг треба да се масира со кружни движења 5 минути и после тоа уште 5 минути да делува.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>