Top
Nega-na-kozha

Чекори за нега на сува кожа

Многу жени имаат сува и дехидрирана кожа. Негата на сува кожа е понапорна од негата на нормална или мрсна кожа. Ако наутро имате сува кожа, прво треба да се измиете само со чиста вода, а потоа да нанесете серум и хидратантна крема, а кремата со заштитен фактор е задолжителна како и за сите типови на кожа.

Негата на кожата треба да биде дел од вашата секојдневна рутина доколку сакате да имате убав и блескав тен.

Со помош на овие 6 совети вашето лице ќе се негува, а вашата кожа ќе биде негувана и здрава.

• Се мие со гел само еднаш дневно, по можност навечер за да се отстранат сите нечистотии од лицето. Најдобро е да ја отстраните шминката и нечистотијата со гел на база на масло.

• Користете ја техниката на двојно чистење, односно по миењето со гел на база на масло, повторете го миењето со гел на база на вода.

• По миењето на кожата нанесете серум на база на хијалуронска киселина за да и обезбедите на кожата доволна количина на влага. Најдобро е да го нанесете на сè уште влажно лице.

• Додека серумот се уште не е впиен во вашата кожа, нанесете хидратантна крема.

• На крајот, откако ќе се впие хидратантната крема, нанесете на кожата многу тенок слој пчелин мелем.

• Наутро доволно е да се мие само со вода, да се нанесе серум и хидратантна крема, а кремата со заштитен фактор е задолжителна како за сите типови на кожа.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>