Top

Шест секси начини да ги стопите вишокот килограми

Симнувањето на вишокот килограми не секогаш подразбира напорни тренинзи, ригорозни диети и одрекување од слатките задоволства. Нормално, убаво би било да јадете умерено и да консумирате здрава храна, како и да имате физичка активност во текот на денот, но немојте да заборавите еден многу важен сегметн – љубов!
Истражувањата покажуваат дека нежностите кои ги разменувате со партнерот можат да бидат одличен начин кој ќе ве доведе до идеална фигура.

1. БАКНУВАЊЕ (68 калории)
Се сеќавате на неколкучасовните бакнувања кои се случуваа на почетокот на вашата врска? Доколку имате вишок килограми, вратете се на таа фаза. Бакнувањето не само што е начин за искажување на чувствата, туку и лесна вежба преку која може да согорите од 68-90 калории на час.
Стручњаците предлагаат да пробате да се бакнувате во најразлични положби на телата. Така ќе може да потрошите и до 170 калории на час.

2. СОБЛЕКУВАЊЕ (повеќе од 8 калории)
Веројатно и не сте помислиле дека додека го соблекувате својот љубовник т.е. љубовничка сте физички активни и трошите калории. При соблекување на едно парче облека од вашиот партнер трошите од 8-10 калории.
Италијанските научници велат дека партнерот кој се обидува со заби да го откопча и симне градникот од својата партнерка троши околу 80 калории.
Приредувањето на стриптиз шоу секако дека иде во прилог на согорувањето на калориите.

3. МАСАЖА (80 калории)
Речиси и да не постои човек кој не сака да биде масиран. Имајте во предвид дека во улога на масер имате привилегија да трошите најмалку 80 калории на час.
Правете бавни движења и потрудете се да бидете креативни, а притоа стојте додека вашиот партнер лежи и ужива.

4. СЕКС (повеќе од 140 калории за 30 минути)
Сексот е одлична физичка активност и тоа сите го знаеме, но дали сте знаеле дека благодарение на него може да согорите и до 400 калории за 1 час. Тајната за ваквото енормно согорување на калории е во долготрајниот секс и менувањето пози во текот на сексуалната активност.
Имајте во предвид дека доживувањето оргазам согорува огромен број калории за само неколку секунди.
Мора да признаете дека ова е најслаткиот начин во борба против вишокот калории?!!

5. ОРАЛНО ЗАДОВОЛУВАЊЕ (100 калории за 30 минути)
Ако сте љубители на оралниот секс оваа информација ќе ве израдува. Додека му пружате орално сексуално задоволство на вашиот партнер трошите околу 100 калории за половина час.
Доколку ѝ се препуштите на фантазијата и повеќе експериментирате (на пример правите склекови додека орално го задоволувате вашиот партнер) за неколку минути ќе се чувствувате како да сте се вратиле од напорен физички тренинг.

6. ТАНЦУВАЊЕ (100 калории за 30 минути)
Без оглед на тоа дали сте голи или облечени, мал “dirty dance” може да претставува вистинска вежба за вас и вашиот партнер.
Практикувајте движење на телото со побрз ритам. Подинамично!!!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>