Top

Замислен танц

Врне ситен дожд, ладно е. Надвор нема никој. Сама сум, облечена во црвено фустанче. Темно е. Посакувам да си до мене. Седнувам покрај твојата куќа. Веќе подолго време седам сама.
Погледни, јас сама сум на дождот. Те чекам. Излези и седни до мене. Прегрни ме силно. Да ја почувствувам љубовта. Фати ме за рака и да танцуваме во ритамот на дождот. Да ги гледам твоите сино, небесни очи, да го пратам со љубов твојот поглед, твоите чекори… Но, ете како и секогаш ова е дел од моите мечти. Знам дека ова нема да се случи, љубовта нема да ми биде возвратена, моето срце како и секогаш ќе биде повредено и тажно. Моиве очи ќе те бараат секогаш и секаде…


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Замислен танц“: Сара Масторидис

Станете наш facebook фан.




1 Коментари

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *