Зашто не можам да престанам да мислам на тебе? Зашто ме прогонуваш уште од првиот момент кога ја видов твојата слика? Прекрасна руса коса и уште попрекрасни сини очи. Сè мислам дека ќе помине, но не поминува. Ахх, камо да ја имав таа храброст да ти се јавам и да ти кажам што чувствувам за тебе. Камо да ја имав таа среќа јас да сум тој што ќе те прави среќен, тој на кој ќе се сетиш пред да заспиеш. Тој кој ќе ти посака добро утро и ќе донесе насмевка на твоето нежно лице. Да, одамна немам напишано љубовно писмо, а порано знаев да ги пишувам и премногу. Можеби затоа што сето тоа време се немам почувствувано вака… заљубено… Носиш насмевка на моето лице, а тага во душата.
Велат: што е твое ќе си дојде. НЕ! Што е твое треба да се потрудиш за да го добиеш, само не доаѓа ништо. А јас ја немам таа храброст да застанам пред тебе и да ти ги признаам пеперутките во стомакот и сите непроспиени ноќи за тебе. Не, немам храброст ни да ти пишам дека ти си таа на која мислам додека го пишувам ова. Не, не можам да гледам како некој друг ќе те направи среќна, а тоа можам да сум јас…

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “Понекогаш за среќа треба храброст“: Андреј
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!