Тивка врнежлива ноќ. Уште една причина да останам во твојата прегратка, во нашиот кревет. Да уживам во оваа ноќ. Ноќва го слушам само твојот глас. Го чувствувам само твојот допир. Го гледам само твоето лице. Ноќва како и секоја друга само ти си ми важен. Не сакам да излезам надвор, ниту да знам што се случува со светот. Ти си мојот свет. Свет исполнет со љубов и топлина. Не сакам да знам за животот надвор. Ти си мојот живот. Сè што сакам и ми треба е овде во нашата соба. Не сакам да излегувам од неа без тебе. Само држејќи ја твојата рака можам да излезам и безгрижно да чекорам. Така знам дека ќе има некој до мене кој би направил сè за да бидам среќна. Секој ден, секој изминат час, сум сè посреќна што си присутен во мојот живот. Самото твое присуство прави да се чувствувам дека постојам. Дека моето постоење за тебе има големо значење. Ми значи оваа ноќ, овој момент со тебе. Можам мирно да заспијам. Ти ќе ме чуваш додека спијам, ќе ми го чуваш сонот. А, секој мој сон почнува со тебе. Секој сон е за тебе. Во сите соништа се појавува твојата убава насмевка. И кога сонот завшрува се будам гледајќи ја таа убава насмевка.
Ми велиш “Добро утро“. А, јас си помислувам колку е добро што и денес си тука. Пред мене е уште еден убав ден.
Ми велиш “Добро утро“. А, јас си помислувам колку е добро што и денес си тука. Пред мене е уште еден убав ден.

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “Ти си мојот свет“: Драгана Стојановска
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!