Досега никојпат не си дозволив себеси да ставам некого во непријатна ситуација. Дури и криво ми е за тоа, бидејќи очигледно некои од нас се специјалисти за да те доведат во напнати моменти без воопшто да се грижат. Нивните цели се засновани на нивните неостварливи желби.
Блазе нив, им симнувам капа. Некои луѓе се толку подмолни, што дури и одразот во огледалото сигурно им е со црвена, ѓаволска светлина, со мали рокчиња во црвена боја, со исто толкава подмолна насмевка како што е и нивната расипана душа.
Претерав, но знам дека ништо од ова не допира до таквите. Тие се отпорни на човечки зборови и чувства. Да ги имаа и да знаеа што воопшто значат овие вториве, никогаш немало да паѓаат толку ниско и да го прават она што не би посакале да им биде правено на нив. Или пак тие работи ги прават од љубов? Ха, не! Љубовта е чиста и фер игра.
Љубовта е рамномерна на достоинствен натпревар во кој победуваат оние кои чесно се борат до крај. Јас отсекогаш спаѓав во тие чесни играчи, се откажував кога имаше потенцијални победници, бидејќи нели, нема што да бараш откако ќе заврши натпреварот. Во последно време работите се истенчиле, навиките се смениле, манирите се заборавиле. Валкано не е достоен збор за опис, прљаво е буквално се околу нас. Така и лицата на нашите драги, нечесни, спротивни играчи завршуваат извалкано од бојата на пурпурните маски.

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “Во теснецот и маските паѓаат“: Наташа Петровиќ
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!