Top

Кога животот доаѓа без упатство за употреба

Сме навикнале на листовите хартија што ни кажуваат што да правиме, секоја постапка детално ни е разјаснета, понекогаш дури и нацртана. Сме навикнале на објаснувањата како да се користат работите во наши раце, како да се оформат за да профункционираат.
Рецепти за готвење, напишани на хартија.
Начини на воспитување деца, напишани во книги.
Приказните за принцовите на коњите, исто.
Упатство за користење бела техника.
Упатство за вработување.
Упатства, упатства, упатства.
Милиони упатства.
А главното? Каде го пропуштиле упатството за животот?
Не постои. Често се случува да се пожалиме кога работите не одат таму каде што сме ги усмериле.
Се жалиме и се прашуваме како треба?? Зошто овој живот не доаѓа со упатство за негова ПРАВИЛНА употреба? Зошто?
Затоа што тој е само наш. Еден и единствен. Уникатен.
Одговорноста за негово исполување ја носиш ТИ. Само ти .
Нема правилен начин на живот. Сите се погрешни исто толку колку што се правилни.
Твоја е одговорноста за пишување ново упатство.
Или уште подобро, време е да правиме нешто слободно, без претходно нацртана шема.
Време е да престанеме бараме некој да ни покаже како да живееме.
Време е да престанеме да се ограничуваме со правилни одлуки.
Време е за чувствување и уживање.
Време е да ги искинеме сите упатства и да пробаме како што само ние знаеме!


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Кога животот доаѓа без упатство за употреба “: Мартина Даневска

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *