Top

Кога само тишината е останата…

Не знам како се викам, не знам ни зошто сум овде, а зошто потоа и таму. Јас не знам дури ни што правам, кога најдобро знам зошто го правам. Едноставно се хранам од незнање не забележувајќи дека зад себе оставам толку многу… ништо.

Ахх… зарем е толку тешко да носиш душа во телото кое ти го имаат дадено како дар? Зарем е толку тешко да го потврдиш своето постоење и да речеш “еве ме”, да викнеш “овде сум”, “зарем не ме гледате”, “зарем не можете да ме слушнете?”. Па, тоа сум јас, исто што си и ти, исто што се и тие. Tоа сум јас, човечкото битие кое пропадна во темницата наречена проклета тишина.

Молк… одговор, едноставно нема.

И пак мрак, пак таа иста темница и тоа исто чуство на тага. Изгледа главоболката ми е единствениот пријател кој настојува да ми ја наруши монотонијата. Некако како да не сака да дозволи да дејствува анестезијата која некој некогаш ме имаше научено да ја користам.

Не знам зошто, но има моменти кога ги оставам солзите да си ја кажат својата приказна. Има моменти кога се што знам да направам е да седам во аголот од мојата соба и да гледам во точката од оној другиот. Но, најбитно од сè, е што тоа се моменти на тишината. Но, тишината е тешка, тишината е нешто што тешко се прифаќа, а уште потешко се совладува. Затоа, тие моменти нека бидат мојата, нека бидат вашата, едноставно нека бидат нашата сопствена преродба.

Затоа, кога само тишината е останата… не заборавајте да го разбудите лебедот кој одамна заспал во езерото наречено човечко срце. Можеби не сакате да го слушнете неговиот крик, но, сепак – жртвувајте го! Преродбата доаѓа со неговото повторно раѓање… Зарем не?


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Кога само тишината е останата…“: Деспина Ристова

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *