во која те споредувам со топлината на летен ден.
Во ноќтното пладне се топиш од првиот допир.
Станувам вода за твоето течење.
Под мене стои земја за секој грев
и грев за секоја утеха. Лизгање во недоглед.
Ова е прегратка за самотијата во мојата лага
и за болката во твојата вистина.
Луѓето забораваат луѓе. Вистините не забораваат лаги.
Во зима лагите мрзнат. Произведуваат солзи од студ.
Во зима вистината грее како потребен бакнеж пред заминување.
Ова е допир за болката во твојата душа.
Да остане нешто после нас.
Барем малку. Сосема малку.
Колку времето да не го изгуби значењето.
Колку солзите да имаат тежина.
Ова е песна за твоето лице и за твоето заминување.
За пеколот во моите очи.
За празнината во мојата глава.
За шупливоста на мојот збор.
За тагата која претстои.
За тагата која била.
За насмевките кои биле.
За сето кое било.
И за она кое нема да биде.
Ова е ноќ за убавината на првата снегулка која доцни
во која те споредувам со топлината на летен ден.

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “Вечерна патетична песна“: Сашо Димоски
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!