Top

Ти, само ти

Еден свет. Едно име. Една љубов. Еден почеток. Почеток без крај. Барем во моите заталкани мисли. Крварам јас. Не можеш да го видиш тоа? Ѕирни во тапанот што бие. Искривена линија на лицето. Линија која копнее по вистинска насмевка. Нема воздух. Зарем не се гушиш? Ако влезеш во мојата душа ќе се изгубиш. Многу е темно, нема светлина. Може и ќе се удавиш. Таму има море. Море од солзи. Зарем не знаеше дека срцето знае да плаче? Има многу работи кои ти не ги знаеш. Те сакам јас. Се сакаш и ти. Само ти. Ме нема мене. Се кријам позади месечина. Таму само спомени. Ме преколнува. Го пушта лошиот филм и ме остава сама. Мојот филм. А, сама го режирав. И глумев. Со тебе. За нас. Мислев дека сè беше за нас. Животот ми се вмеша во работата. Ми вметна друга приказна, поинаква од оваа. Сега, сè е само за тебе. Ти си насекаде. Јас се изгубив. Стојам на улицата на скршени соништа. Не сум сама. Запознав многу луѓе. Бледи лица. Различни приказни. Само болката е иста. За сите. Не гледав излез од оваа улица. А, очајно го барав. Побарав помош од жителите на таа улица… Но, никој не знаеше… Поседов некое време. Се беше мрачно. Само една реченица, која светеше на небото ја осветлуваше улицата: “Премногу си добар!“. Не ја сфатив. А, чекај како дојдов јас тука? Кои се овие луѓе? Сите се замислени. Чекај, ми текна. Големо срце за тебе. Срце полно со добрина. Твојата буква запишана во него. Илузија во мене. Целосна посветеност на тебе. Жар во очите. Очи кои те гледаа само тебе. Сè за тебе. Ништо за мене. Всушност добив нешто. Ја добив оваа улица. Ти ме прати тука. Месечина постојано ми се насмевнува и ме повикува кај неа. Љубопитноста секогаш ме носи кај неа. Таа го пушта филмот. Секогаш истиот филм. Го гледам заедно со ѕвездите, тие ми се придружнички во болката. Тие се сведоци на мојот филм. Но, чекај ти ја смени улогата. Всушност, јас дури сега те запознав. Ми студи горе до месечината. Ладна е. Како и сите луѓе. Раната не се крпи. Времето не се враќа. Сè стои. Само ти продолжуваш. Продолжуваш да ја отежнуваш раната. Зошто месечината секогаш ми го пушта истиот филм. Посакувам нов. Филм кој ќе ја закрпи раната. Сè е залудно. Засекогаш ќе има лузна во срцето. Лузните никогаш не исчезнуваат. Исчезнуваш само ти. Засекогаш. Животот ми дава шанса да ја поправам грешката. А, грешката си ти.


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Ти, само ти“: Драгана Цекова

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *