Фантазијо, што би правела без тебе?
Со сигурност би останала заглавена во реалноста, која на ниеден начин не ми се допаѓа.
Подобра варијанта ми е да се изгубам во лавиринтите на фиктивното, пред да се вратам во сегашноста, која како огледало ќе ми ги покаже сите причини поради кои барам слобода во фантазирањето.
Огледало кое се крши и ми создава душевни лузни, сечејќи ме со неговите ситни парчиња.
Чудна е нашата моќ за создавање нереални животни сцени. Ги пушташ мислите да лутаат и се наоѓаш себеси, пливајќи во најбистрото море. Шетајќи покрај златната песочна плажа или седејки пред каминот на старата планинска куќа. И тоа толку делува исполнувачки, што кога конечно ќе се соземеш дека сето тоа е само префинето измаскирана слика на реалноста, се враќаш на старото место, тотално разочаран. Се враќаш во светот каде сите вистински вредности се заменети со материјални. Свет во кој трката за престиж е клучна за добар живот. Свет кадешто сите те отфрлаат кога веќе ја исцицале цела помош и добрина која си им ја понудил. Црно-бел свет во кој само единствената боја е личноста која ти го одзема здивот и ти го растреперува срцето.
И тогаш ти доаѓа онаа позната мисла напамет – па и не е сè така црно.

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “Црно-бел свет“: Ана
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!