Но имам и една книга. Книгата над сите книги, книгата на свеста. Гледајќи ги светлата од големиот автобус размислив во секунда – колку е лесно да истрчаш и да оставиш буквално сė позади себе. Да ги оставиш сите сами, безнадежни, со безброј прашања. Но сите ако размислуваа така, тогаш овој живот ќе беше уште побесмислен отколку што навистина е.
Колку сум луда и немирна. Овој немир во срцето е безпричински или претскажувачки? Буквално трепери секоја клетка од моето тело. Имам сè, јас сум пресреќна личност со многу песимистички мисли во главата.
И додека сето ова се чини неповрзано и збунувачки, мене сè ми станува тотално јасно. За човек на моите години сè требаше да биде забавно, дури и кога нештата не се такви како што ги замислуваш. Но јас не сум обичен човек. Јас сум само една необична точка.

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “Необична“: Наташа Петровиќ
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!