Top

Те сакам, Скопје

Добив тешко остварувачка желба да го опишам Скопје во есенските денови. Верувајте, исто како на слеп да му ја опишувате зелената боја или на глув – џез музиката. Не постои ниту еден суптилен збор со кој би се доловила есенската Скопска слика.
Некои ќе кажат е мрачен и доста постуден од топлото, летно Скопје – јас би рекла студен е само ако на него така гледате.
Скопје има толку убава атмосфера, што и во најстудените зимски денови, може да ви го исполни срцето со чудна, пустинска топлина.
Празни улици – полни кафулиња. Многу освежувачка слика, со оглед на тоа што во споредба со другите градови во однос на уличната рашетаност, на Скопје грациозно му ја предавам титулата на панаѓур.
Град исполнет со графити, ведри луѓе, насмеани деца. Град полн со дрвени клупи, насобрани друштва, одлична храна и активности како играње табла или правење ајвар пред зграда.
Ги жалам оние кои не ја гледаат неговата убавина – им се воодушевувам на таквите кои знаат да уживаат во мирисот на скопските липи.
Го сакам овој град, во било кој период од денот, месецот, годината.
Те сакам, Скопје.


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Те сакам, Скопје“: Ана / Фото: Донески

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *