Top

Соништа

Се таложат оние свилени денови полни со мали страсти,
во голем оган фрлени за нас создадени.

Значеше тоа дека има нешто повеќе во таа златна зандана
на едно срце наше кое создава и учи да љуби за денот век да ни биде.

Јас не сакав да биде баш вака…
кога го замолив небото да ми даде малку љубов кога бев осамена тие денови,
само сакав малку љубов, а сега добив и срце и душа со очи.

Дали постојат други начини да бидам друга, да правам друго, да постојам во друго време?

Значеше тоа што од зборот мала љубов се раѓа,
па зборев со денови и ноќи за да има повеќе љубов,
да направам мала куќичка за нашата љубов, да ја обојам и чувам со љубов.

Чувам навики и емоции стари,
за да докажам дека решив да направам нова илузија на нашите планови исполнета со надеж – полулажна, но надеж за чекор.

Со тешко срце зборам, ти кажувам за сериозноста на мојот сон,
што сама го измислив утрово додека чекав ред да надојде дожд за да можам да го помирисам споменот од некои денови.

Да ти кажувам за љубовта кога освен тебе не знам друг,
значи ти си тоа.

Ја облакам блузата со закачени ароми на мисли и сеќавања на која пишува дека ти си заљубен во мене, а јас те сакам само тебе.


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Соништа“: Сашка Алексова

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *