Top

9 реченици кои ги излудуваат мажите

Веќе прочитавме што сè жените не би сакале да слушнат. Но, што е со машкиот пол?

Постојат неколку реченици кои го доведуваат машкиот свет до лудило. “Ајде да одиме на шопинг!” е една од тие реченици бидејќи мажите ја доживуваат како бесконечно шетање по продавници, разгледување по излози и бесцелно облекување и пробување парчиња облека. “Ист си како татко ти!” е втората, а пак следната е уште полоша: “Ист си како татко ми!“.

1. Биди вистински маж
Ништо не е толку навредливо како оваа реченица. Со овој исказ откривате што навистина мислите за вашиот партнер. Дури и ако ја изговорите оваа реченица во афектна ситуација, вашиот партнер долго време нема да се соземе.

2. Моите родители и пријатели сакаат да те запознаат
Ова може да значи две работи: вашата врска станала сериозна и тоа му го соопштувате на индиректен начин или му кажувате да биде подготвен за набљудување под семејниот “микроскоп”.

3. Изморена сум
Тоа значи дека нема да се случи секс. Меѓутоа, ако се обидете да се оправдате со главоболка, а вашиот партнер ви понуди аспирин… што во тој случај?

4. Мојот поранешен партнер тоа го правеше поинаку
Ова е премногу низок удар. Буквално нема начин после оваа фраза тој да ја врати својата самодоверба.

5. За што размислуваш?
Жените се многу љубопитни по својата природа. Тие сакаат да ја знаат секоја мисла, чувство или претпоставка на својот партнер. Мажите пак, од друга страна, не сакаат многу да дискутираат за својот емоционален живот и да го образложуваат на најситни детали.

6. Мислиш дека таа е убава?
Доколку каже “не” бидете сигурни дека лаже. Но, ако каже “да”, што тогаш? Некои прашања, едноставно, подобро е да се премолчат за да избегнете кавга.

7. Забележуваш нешто необично на мене?
Секако дека ќе бидете бесни доколку вашиот партнер не ја примети вашата нова фризура. Но, мора да сфатите дека вашата фризура не му е најважната работа на светот. Подобро вие да останете смирени и да не се нервирате бидејќи тој веќе е нервозен поради ова прашање.

8. Мојата најдобра другарка се омажи
Кога веќе сите знаете дека другарката се омажила, изговарањето на оваа реченица во буквална смисла значи: “Кога ќе ме побараш за сопруга?“. Внимавајте да не предизвикате револт и контра ефект со оваа реченица.

9. Мораме да разговараме
Од оваа реченица секој би можел да стаписа од страв. Што ли сега го чека? Долга расправија на тема “втора виолина”?
Можеби единствената полоша реченица од оваа е “Дали мислиш дека сум дебела?“.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *