Top

Роза

Роза. Неколку жолтеникаво-црвени ливчиња цврсто припиени едни со други. Некако едвај се држат, а да не одлетаат и да не му се предадат на силниот ветар кој упорно сака да ги придобие. Небото свило темни облаци врз градината со рози. Всушност, роза.. Една и единствена која останала. Една и единствена која останала да ја кити прекрасната градина. Прекрасна ли?! Дали навистина?!

Тоа е градината која долго време е така напуштена, без некој кој е тука за да ѝ се восхитува на убавината на розата. Розата, сама, без надеж. Всушност розата е таа. Ја претставува неа. Девојката со скршено срце, изгубен поглед и спуштена глава. Самотијата и безнадежноста им се допирните точки, а спомените, празните молби и преколнувања тајните кој можат да си ги доверуваат. Нивното последно жарче надеж згасна, се изгуби во темнината и заборавот. Таа би дала сè од себе само да ја види розата повторно убава, расцветана и раскошна како што знаеше да биде. Всушност би дала сè за повторно таа да го почувствува сјајот и мотивот на животот. Но….
Но, тоа беше така до пред точно 8 месеци.

Сè започна тој ден кога заросе ситен дожд од ведрото небо. Бистрите капки нежно ги милуваа ливчињата од затворената роза. Розата се обиде, но сеуште не беше доволно силна за да му се предаде на блескавиот ден и долгите зраци на сонцето кои непрестајно печат.

А таа запозна момче. Не го запозна баш, го знаеше од многу одамна, но ја запозна неговата друга половина. Овој пат кога беше со него уживаше во секој изминат момент, се молеше и преколнуваше таа средба да не се заврши, а секој повик за да се оддалечи од него го одложуваше и одолговлекуваше за барем уште неколку мига. Уживаше да, но ја немаше потребната самодоверба за да му го препушти нејзиното срце повторно. Некои рани сеуште не беа затворени, а во неа сеуште тлееше страв дека повторно таа ќе остане повредена и скршена, а овој пат ќе немаше назад.

Во себе си рече: “Некои грешки се премногу добри за да се направат само еднаш.” Тоа го користеше како изговор, но повеќе од сè сакаше ова да биде правилен избор наместо уште една грешка завршена со солзи и многу, многу чоколадо како надеж дека болката ќе биде ублажена. Се размислуваше долго, но неможеше да остане рамнодушна на неговите нежни зборови, топли прегратки во кој се чувствуваше најсигурно од било кое друго место на светот, не можеше да остане рамнодушна ниту на неговите долги и совршени бакнежи. Копнееше по него секоја секунда повеќе и повеќе, посакуваше да биде до неа во секој миг, гореше по неговите бистри очи кои и го овозможуваа целиот свет на дланка, ја сонуваше неговата насмевка непрестајно и се молеше тој да остане во неа засекогаш. Го посакуваше исто како што розата го посакуваше дождот на своите црвени ливчиња.

Сега нивната допирна точка е сјајот и животот кој се разбуди во нив. Над градината сонце, розата блеска, таа се губи во неговиот поглед и ужива во секоја секунда помината со него. Ситниот дожд и стана навика на розата, а тој стана дел од неа. Навлезе и најде пат повторно до нејзиното срце. Сега таа незнаеше за друг, незнаеше за тага и болка. Со малкуте маани и понекогаш неправилни постапки тој за неа е совршен.

Не е совршен само од тој аспект, совршен е бидејки и го промени животот. За овие изминати 8 месеци успеа да направи бајка, поубава бајка од секоја друга. Успеа да ја освои и да ја зашемети со својот шарм. Секогаш кога од него ќе слушнеше “те сакам сонце мое” веднаш се наогаше на 7мо небо. Спиеше на облаци додека тонеше длабоко некаде во неговиот див, а всушност мил поглед. Ја освојуваше со секој потег, со секој нареден гест… Таа сакаше тој вечно да ја држи во своите топли прегратки, како што розата упорно се обидуваше да ја задржи капката роса помегу своите ливчиња.
Но, таа секое утро се буди со помислата дека ќе го изгуби. Тие мисли неможе да ги избие од својата глава. Многу сака, но нешто не и дозволува, нешто ја држи сеуште заробена во минатото. Сепак доволен е само еден бакнеж да заборави, да се изгуби и да полета.

Таа нему навика, а тој дел од неа. Заедно ги гледаат ѕвездите и уживаат. Таа некогаш бараше одговор кај нив, но залудно. Тој и помогна да го види она што го сакаше. Кога беше со него, го гледаше светот од сосема друг агол. Го обожаваше, повеќе од сè на светот.

Дали оваа приказна ќе заврши со скршени срца?

Дали некогаш ќе заврши и ќе може да биде заборавена?

Дали сè ќе се врати на почеток?

Дали кругот се врти?

Дали розата повторно ќе свене и со нетрпение, но со малку надеж ќе ја очекува росата, само на кратко да ја почувствува?

Дали таа ќе прави сè само за од него да извлече една насмевка и за последен пат да слушне како тој и го изговара името?

Многу прашања, но не доволно одговори.

Го сака, ја сака. Неможат еден без друг. Веќе 8 месеци ја пишуваат својата приказна и се надеваат дека ќе ја продолжуваат сè додека имаат сили, а потоа, се ќе се врати скроз на почеток.. Дали?!

НЕ, таа нема да дозволи повторно да го изгуби, нема да му дозволи повторно да замине. Ќе го чува крај себе како нежна роза, роза која никогаш нема да овене.


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Роза“: Дора

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *