Уште едно утро се будам со надеж дека можеби токму овој пат, пак ќе те најдам покрај себе. Дека сè ќе биде како порано, но залудно. И ова утро твојата страна од креветот стоеше празна, иако вратата по не знам кој пат остана отклучена. Секоја вечер легнувам со надеж дека можеби утрото ќе ми те врати. Со оваа помисла успевам да заспијам побрзо, а утрото… утрото ми започнува прерано, но да знам дека еден ден навистина ќе те пронајдам во мојот кревет ништо нема да ме спречи да се разбудам уште порано. А, сега морам пак да го напуштам креветот да зачекорам по ладниот под и да се подготвам за работа. Знаеш работното време поминуваше премногу бавно, а потоа напуштајќи ја канцеларијата минувајќи низ паркот кој води кон мојата куќа се навраќав на едно минато и едно не знам колку многу спомени. Понекогаш овде се задржував подолго време и гледајќи ги лебедите како пловат по малото езерце посакував да можам и јас накратно да отпловам некаде каде што ќе заборавам на сè. Но, знаев дека тоа нема да се случи. Знаев дека можеби ќе заборавев сè, но не и тебе. Не и тебе! Потоа продолжував да чекорам по улиците. Еден ден одејки така некој глас внатре од мене извина силно “Врати се во паркот, врати се веднаш!“. Не мислев ниту минута. Веднаш се упатив назад каде што те видов тебе. Те гледав како ги набљудуваш лебедите кои некогаш ги гледавме заедно. Лебедите кои јас ги гледав пред петнаесетина минути. Посакував да бидам пак до тебе. Да бидам во твојата прегратка, но немав храброст да ти пријдам. Забележав дека тргна кон клупата со насмевка и таман помислив дека сеуште ме сакаш од спротива забележав како ти се приближува една девојка. Имаше плава, долга коса. Не можам да кажам дека имаш лош избор бидејќи девојката навистина беше убава. Одново и одново милиони прашања летаа низ моите мисли, но едно беше сигурно… назад враќање нема. Овој пат бев сигурна дека никогаш повеќе нема да те најдам во својата постела.
И да, повторно сум осамена во овој свет полн со лаги и предавства!

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “Празна постела“: Т. Петровска
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!