Top

Надежта во стаклено ѕвоно

Ветерот денес не носи ништо со него, ниту пак некогаш иде нешто без него. Всушност тој ни самиот не се чувствува, го прекриваат летните зраци и на моменти е ладно, а на момент низ целото тело се познаваат изгореници од летните бакнежи.

Како и да е, овој пат е премногу тешко да се одлучи за состојбата на едно речиси изнемоштено, кревко тело коешто безживотно поминува низ жештината, ги сече ветровите и му пркоси на студот. Оди спротивно на сè.

Таа, таа слушаше само работи коишто стоеа помеѓу вистината и лагата, помеѓу реалноста и нереалноста, помеѓу јавето и сонот, ставајќи ги сите на истата крстосница, неопределувајќи им го патот.
Тој, веќе ги ставаше патоказите на секоја од нив, не знаејќи ја желбата за нивната насока, не слушајќи ги нивните зборови, овој пат, сè беше одлучено.
Таа, таа овој пат стоеше, но телото не ја држеше, одеше, а нозете и го пресекуваа патот.

Солзите коишто ги бришеа сите напишани зборови од инспирација на љубовта и ниту еден од нив не се зачува. Ниту еден од нив не можеше да се изговори. Кога сите надежи ѝ беа украдени, кога секоја утеха беше тргната настрана, и кога пред неа беше на златна чинија поставена иднината, порано бегајќи од минатото, а сега, гледајќи само во него, во ниту еден момент не се откажа.

Затоа што, кога ќе се откажеш од она што го сакаш, во истиот момент си престанал веруваш, а во оној момент кога ќе престанеш да веруваш, престануваш и да сакаш, престануваш да постоиш.
Таа и пркосеше и на судбината, не се откажа, не престана да сака, продолжи целосно да верува, затоа што, кога се сака, сè се може.


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Надежта во стаклено ѕвоно“: Симона Николоска

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *