Во денешното постојано брзање и постојана изложеност на стрес, не е воопшто лесно да се најде душевен мир. Паметните и смирените луѓе се почесто го наоѓаат мирот во религијата, ги читаат евангелијата, се молат и размислуваат за духовни работи, бидејќи за нив материјалните се минливи. Довербата и верата во огромна мера можат да развијат позитивна состојба на умот. Тој мир е вистински благослов за нашето ментално и физичко здравје.
• Верникот живее со силна надеж во подобра иднина и уверен е дека над него постои Некој што го сака, го разбира и внимава на него.
• Нештата прифаќајте ги мирно и без страв.
• Немојте да негувате негативни чувства кон себеси, ниту кон другите.
• Кога се соочувате со проблем, насмевнувајте се. За секој проблем постои решение!
• Сетете се дека лошо расположените и депресивните луѓе често се разболуваат и голема е веројатноста да настраадаат од хронични болести, срцеви и мозочни удари, рак…
• Позитивната состојба на духот и мирот во срцето пресудно влијаат и придонесуваат организмот нормално и природно да функционира.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!