Top
tatko_i_kerka

Поучна приказна: „Благослов е да имаш ќерка!“

Млад брачен пар решил да помине еден ден во тотална изолација. Двајцата се договориле да не отвораат никому и да не се јавуваат на телефонот, со цел да си посветат еден ден само на себе и своите страсти. Утрото ги разбудило ѕвончето, а низ шпионка виделе дека на вратата ѕвонат родителите на мажот.

-Не отвораме! – се договориле едногласно.

Родителите ѕвонеле неколку пати и потоа си заминале.

По неколку среќни часа повторно заѕвонело ѕвончето на вратата. Погледнале, а овој пат на нивниот праг стоеле родителите на жената. Тие повторно решиле да не ја отвораат вратата, но жената се расплакала кога го видела тажниот израз на нејзините родители, и мажот не успеал да ги поднесе нејзините солзи, па отклучил.

Семејството имало среќен живот. Им се родиле 4 сина, а петтото дете било ќерка. Мажот направил невидена гозба и бил посреќен од било кога.

„Зошто се радуваш толку многу? Ти не беше толку среќен дури ни на раѓањето на нашиот прв син“, го запрашала сопругата.

Тој, насмеан и одговорил:

„Денес се роди таа која ќе ми ја отклучи вратата, кога ќе заѕвонам на ѕвончето!“




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>