Top
potresno-pismo-na-edno-momce-cii-roditeli-se-razveduvaat-iLike-mk

Потресно писмо од едно мало момче чии родители се разведуваат

Ви го претставуваме писмото на едно мало детенце чии родители отпочнале постапка за развод, а кое стана вирален хит. Во писмото упатено до своите родители ги опишува неговите најдлабоки емоции, болката што ја чувствува и ги потсетува дека тие двајца не се единствените играчи во приказната. Писмото е навистина трогателно!

Драги родители, знам дека патите. Патам и јас. Се чувствувам како да се хранам со вашата тензија, страв и шок. Иако сум млад и не можам да опишам што се случува во нашите животи, го чувствувам сето влијание. Срцето ми се крши секогаш кога треба да се откажам од еден родител. Моето чувство на сигурност повеќе го нема.

Ве молам не мислете дека можам сè да издржам. Немојте да мислите дека мојот животот ќе биде ист како претходно и дека ќе продолжам исто да ве сакам. Јас сум едно обично човечко суштество, исто како и вие. Моите потреби се исти како вашите. Ми треба љубов, внимание, грижа, стабилност, разбирање, трпение и најмногу од сè да бидам сакан.

Кога се карате за мене и кога ме ставате во центарот на вашите расправии, ми праќате порака дека победата во кавгата е поважна отколку јас и мојот живот. Од вас учам дека подобро е да се биде во право отколку да се биде сакан. Ме учите дека ме направила личност која е невозможно да се сака. И дека јас на некој начин не сум во ред.

Можеби не го разбирате ова денес, јас сум толку мал што не ни размислувате за мојата иднина, но заради вас имам поголеми шанси и самиот да се разведам. Мојата сигурност е ваша обврска. Без вас и вашата заштита, нема кој да ме брани од суровиот свет.

Еден ден, овој шок ќе избледи. Но, тоа какви родители бевте во текот на оваа криза никогаш нема да заборавам. Или ќе ја чувствувам вашата смисла за несебичност, поддршка и заштита, или ќе имам врежано лузна на срцето со порака: „Добрите работи им се случуваат само на добрите луѓе. Јас мора да сум лош човек!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>