Top
Spalna

Нешта кои според Фенг шуи го нарушуваат сонот во спалната соба

Доколку спиете лошо или имате кошмари, најверојатно имате лош распоред во спалната соба.

Спалната соба треба да биде оаза на мирот и спокојството, место каде што ќе се одморите и физички и психички и ќе ја обновите својата енергија. Затоа, истата соба мора да биде уредена во согласност со тоа, истакнуваат експертите за фенг шуи.

Според тоа правило, некои работи се апсолутно вишок во сплната соба, можат да ја пореметат рамнотежата на енергијата и да влијаат лошо на вашата ментална состојба, расположение и квалитетен одмор и сон.

Премногу зеленило
Иако живите билки се многу пожелни во животниот простор, не би требало да претерувате, затоа што фенг шуи налага дека тие може да емитуваат одредени фрекфенции на енергија која може да ви го поремети сонот. Се советува да имате една, најмногу до две билки во собата во којашто спиете.

Непријатни и силни мириси
Местото на кое спиете на некој начин мора да го изолирате од мириси, како мирис на влага, мирис од кујната или разни хемикалии со кои сте ја чистеле куќата, па и разни јаки парфеми. Се советува добро да ја проветрите собата пред спиење.

Премногу работи во спалната соба
Според фенг шуи експертите, спалната соба во никој случај не би требало да натрупувате разни работи и мебел. Вишокот работи ја одземаат енергијата, и на физичко и на емоционално ниво и создава потешкотии и тегоби, а често може да се случи да се појави и чувство на осаменост и меланхолија пред спиење. Затоа, минималистички уредете ја вашата спална соба.

Складиште под креветот
Просторот под креветот многумина го користат за криење на вишок работи, но тоа никако не е добро. Многуте работи под местото на кое спиеме емитуваат лоша енергија и може да влијаат неквалитетно и да спиете лошо, а исто така може да предизвикат и прерано будење и лоши соништа.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>