Top
Rabota-i-kolegi-iLike-mk

Мали трикови со кои ќе ја засакате вашата работа

Понекогаш се чувствувате изморени од работата, канцеларијата и вашите колеги. Насабајле не ви се оди на работа, ве совладува монотонија и размислувате да дадете отказ. Пред да се одлучите за напуштање на работното место, прочитајте ја оваа статија со мали трикови кои би можеле да ви помогнат повторно да ја засакате вашата работа.

  • Прво треба да разговорате со вашиот шеф или директор и искрено да му кажете што е тоа што ве мачи и што би можел тој да направи за да бидете позадоволни. Укажете му ги нештата што би сакале да ги работите и замолете го да ви делегира задачи во кои ќе можете да уживате.
  • Дружењето со колегите е многу важно ако сакате да одите на работа среќни. Потрудете се заедно да пиете кафе после работа или за време на паузите. На овој начин ќе бидете порасположени.
  • Ако сакате да работите на друга позиција во вашата компанија, бидејќи мислите дека тоа е поинтересно, обидете се да се префрлите во друг сектор. Веројатно тоа ќе ве направи позадоволни.
  • Обидете се да се потсетите како на почетокот на вашата кариера сте биле воодушевени секој пат кога сте оделе на работа. Кога ќе помислите на старите чувства, можеби ќе сакате да останете на работа и да не се откажете.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>