Кога бев мала разбрав дека линијата што ги дели небото и земјата се вика хоризонт,
но не знаев зошто го прави тоа .. си ветив дека кога ќе пораснам ќе го прашам.
И еден од оние денови кога на покривот спремав говор со хоризонтот,
на небото се појави шарена маѓична порта и си помислив тоа е тоа, најкраткиот пат до линијата меѓу земјата и небото .. Се викала виножито и знаев дека ќе ја поминам, само што никој друг не знаеше, а јас чекав да пораснам голема за да ја стигнам .
Денес, кога се будам, сеуште не сум доволно голема за да ја видам разликата помеѓу дете и човек.
А знам дека будење се вика моментот што ги дели сонот и реалноста, но не ми е јасно зошто го прави тоа кога секој ден луѓето стануваат и прават ко што треба, одат кај што мораат и цело време сакаат тоа што не можат .. убедувајќи се дека тоа е патот до сонот, за на крај да си легнат и да сонуваат вистински!!
Ако имааш големи соништа – ти си голем човек. Ако си мал човек – ти не сонуваш, ти правиш ко што треба или како ќе ти кажат..
.. а помеѓу мали луѓе и деца има разлика, децата можат да имаат големи соништа ..
границата меѓу нив е таму кај што престануваат да прават ко што им кажуваат
за да почнат да прават како што треба!
.. а кога треба, понекогаш не мора да се сака и се почесто така растат децата во мали луѓе,
а малите луѓе кажуваат дека не сонувале …

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “ Мали Луѓе и Големи Човечиња“: Биљана Талевска
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
E za ova nemam zborovi…ova e sostaveno najverojatno od filozov, sekoja chest. Bravo!
Prijatno me iznenadi so ova! Imas edno big like!
Preubavo e! Bravo!